1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога сонот се плаќа со живот

Б.Езај/ Х.Кејли/ А.Трајковска 1 февруари 2013

Повеќето жртви при т.н. убиства за честа во Германија потекнуваат од Турција. Во оваа земја, борците за женските права веќе долго време се борат против ова злосторство и против архаичната слика за половите.

https://p.dw.com/p/17WME
Фотографија: Fotolia/detailblick

Жртвите најчесто се млади жени кои посакуваат егзистенција за која самите ќе одлучуваат. Овој сон го плаќаат со живот, бидејќи тие од агол на сторителите со својот „погрешен“ однос ја повредиле честа на семејството. Погрешно однесување во очите на сторителите може да биде непосакувана љубовна врска, прељуба и противење на жената да стапи во брак со маж кој семејството го избрал за неа. Честопати фамилијата заеднички ја донесува одлуката за крвавото дело, а жртвата ја убива машки член на семејството. 

Сепак сторителите не секогаш се мажи, појаснува Моника Михел, референт за темата „Насилство во име на честа“ при организацијата „Тер де фем“. Има „жени кои, колку и да звучи парадоксално, го оддржуваат овој патријахален систем, со тоа што ги принудуваат своите ќерки, да се омажат за некого кого не го сакаат, или заеднички ја донесуваат пресудата за убиство за спас на честа“.

Protest gegen Ehrenmord im Iran FLASH-GALERIE

Во Турција т.н. „убиства во име на честа“ од 2005 година се третираат како и другите капитални злодела. Во турското законодавство се’ уште постои терминот „убиство во име на честа“, меѓутоа казната за сторителите неможе да биде редуцирана, затоа што тој тврди дека делото го сторил од културни и семејни причини.

Борците за женските права во Турција ги означуваат овие убиства како убиства на жените, кои влечат корени од патријахалниот менталитет на својата земја. Тие исто така се сомневаат, дали законодавните правила секогаш консеквентно се применуваат: Имено турското правосудство се’уште може да донесе поблага осуда на убиецот на својата сопруга, ако претходно поднел барање за развод. Тоа не е редок случај. Само во изминатата година во Турција биле извршени 217 убиства на жени. Речиси една третина од жртвите  биле убиени од своите сопрузи, откако тие поднеле барање за развод.

Патријахален менталитет

Многу организации за жените во Турција се здружија и ја основаа платформата „Ние ќе ги стопираме убиствата на жените“. Тие од владата бараат да преземе ефективни мерки против убиствата на жените. „Мнозинството во парламентот, кои ги прават законите, се состои од мажи. Станува збор за тема која не ја сакаат мажите кои имаат патријахален менталитет“, вели борецот за женските права и адвокат Чигдем Хачисофтаоглу. „Затоа законодавецот и оние кои ги применуваат законите сметаат дека се во право“.

Според една студија на организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч повеќе од една третина од жените во Турција доживеале физичко насилство од партнерот. Меѓутоа само малку од нив се обраќаат до властите.

Gewalt gegen Frauen Symbolbild
Турската министерка за семејство најави одлучна борба против насилството врз женитеФотографија: picture-alliance/Photoshot

Законот за борба против насилство врз жените, усвоен пред една година треба да пружи помош. Со него една жена може да добие ново име и нов идентитет, токолку е акутно загрозена. Освен ова се заоструваат мерките за мажите, според кои со судска одлука им се забранува да им се приближат на жените на кои им се заканувале. Министерката за семејство Фатма Сахин има намера одлучно да се бори против насилството врз жените. Дискриминацијата на жените била дури „полоша отколку расизмот“, вели политичарката.

Ваквите мерки можеби се со добра намера, смета борецот за женските права и режисерка Мелек Езман: „Но доколку нема консеквентна политика, нема акционен план, нема доволен буџет, законите за рамноправност на жените не значат ништо“.

Освен ова жените мора подобро да бидат запознаени за нивните права, вели Моника Михел од „Тер де фем“. Итно неопходни се заштитни механизми и советувалишта. Во моментов во Турција има 77 сместувалишта за жени, но според податоци на организациите за правата на жените во земјата се потрени најмалку 4000 такви сместувалишта, за да може да им се помогне на доволно жени кои биле жртви на насилство.