Книги за жалост во сите дипломатски претставништва на Македонија
17 октомври 2007Во сите дипломатски претставништва на Македонија во странство денеска е отворена книга на жалост за Тоше Проески, меѓу нив и во Берлин и во Бон . Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски се потпиша во книгата за жалост во македонската амбасада во Велика Британија , каде што престојува во официјална посета . Покрај тагата и изразите на сочуство на големиот број обожуватели и колеги на Проески ширум земјите од поранешна Југославија , телеграми со сочуство до семејството на Проески упатија и некои државници во регионот . Српскиот претседател Борис Тадиќ во својата порака ја споделува тагата и наведува дека Тоше во Србија го доживувале како свој. Слична телеграма со сочуство упати и потпретседателот на српската Влада , Божидар Ѓелиќ.