1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Книгата допатува во Голо Брдо

5 јануари 2011

Книгите собрани во хуматираната акција „Книгата моја патува“, организирана од Демократската обнова на Македонија и на која и‘ се приклучија многу граѓани, конечно стигнаа во рацете на Македончињата во Голо Брдо.

https://p.dw.com/p/Qndc
Фотографија: DW

Албанските царински работници во јули, минатата година, не дозволија да го продолжат патот, со образоложение дека недостига документ од албанското министерство за образование. Хуманитарната пратка се сотои од 8500 книги главно детска литература.

„Волшебното самарче“, „Белото циганче“, „Снежана и сеудме џиџиња“, „Калеш Анѓа“ - се само дел многуте наслови, собрани во хуманитарната акција „Книгата моја патува“, организирана од ДОМ , по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Навистина сум тргоната од гостопримството што го доживувам овде. И ова покажува - еве такви сме ние Македонците, топли луѓе, добри луѓе“, изјави Лилјана Поповска, претседатлка на ДОМ и пратеничка во македонскиот парлемент.

Mazedonien Buchhandlung in Skopje Bücher
Фотографија: DW

Заблагодарвајќи и‘, советникот во општината Требиште од Македонската партија и претседател на регионалниот партиски комитет, Едмонд Османи, рече дека книгите се добредојдени за децата кои веќе ја научија азбуката, знаат да читаат и пишуваат. Според него, моментно курсеви следат околу двеста деца, но интересот од ден на ден е се‘ поголем. Тоа го потрдуваат и наставниците кои не го кријат задоволството од покажаниот успех.

„Многу добро оди работата, децата си го учат македонскиот јазик. Многу добри се во учењето. Јас сум многу задоволен, мило ми е. Добро, имаме протисоци од страна на наставниците по албански јазик, некои деца се плашат, ама пак, со грижа од родителите, тие пак си доаѓаат“, изјави Или Хазирај, наставник.

Наставничката Едлира Ала, пак, вели:

„Има многу интерес да научат, оти и ним им е мака да им речат дека не знаат да пишуваат на мајчин јазик.“

Од невладината организација „Илинен“ од Голо Брдо, која е организатор на курсевите по македонски, најавуваат дека освен во Требиште, Клење, Големо Острени и Владимерица, набрзо курсеви за децата на Македоцните ќе почнат во уште неколку села во оваа област.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска