1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клучот е во поефикасно користење на енергијата

12 јануари 2009

Експертски став за руско-украинскиот спор околу гасот: гасот од Русија уште подолго време ќе е неопходен, но мора да се бараат и други извори - а такви има! Поради спорот ќе опадне довербата во Украина и Русија.

https://p.dw.com/p/GUOh
Русија и Украина спорат, последиците ги чувствуваат трети земјиФотографија: picture-alliance / dpa

Ханс-Јоахим Цизинг, стручњак за енергетика од германскиот Институт за меѓународна и европска еколошка политика од Берлин, оценува: „Сметам дека е многу неприфатливо комерцијалниот спор меѓу Русија и Украина да се води врз грбот на трети земји. Поради тоа обете - транзитната земја Украина и земјата во која се црпи гасот, Русија - мора да очекуваат дека ќе опадне довербата во нивната веродостојност“.

Hans Joachim Ziesing Porträt
Ханс-Јоахим Цизинг: мора да се свртиме и кон други извориФотографија: Ziesing

Но, какви консеквенции од тоа може да извлече ЕУ?

„Консеквенциите не се толку едноставни, оти за догледно време секако не е можно без гас од Русија. Тоа е најголемиот извор од кој се снабдуваме. Се разбира дека мораме да се свртиме и кон други извори - има уште неколку такви, потоа треба да се оспособиме долгорочно да можеме да користиме и течен природен гас, но пред се’ мораме уште посилно отколку досега да се зафатиме со ефикасноста на користењето на енергијата. Сметам дека независно од сегашниов спор, она што нужно мораме да го направиме е да штедиме гас и делумно да го замениме со други енергенси“, вели Цизинг.