1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клоп: Победивме заслужено

ЕМФ/дв/бета27 ноември 2013

Во претпоследниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампиони, Борусија Дортмунд го совлада Наполи и има добри шанси да се пласира во осминафиналето. Шалке ремизираше со Стеауа и се‘ уште е во неизвесност.

https://p.dw.com/p/1APMm
Фотографија: Reuters

Кај разнишаната Борусија Дортмунд повторно има надеж. Со победата од 3:1 против Наполи, тимот на Јирген Клоп има шанси за влез во осминафиналето на Лигата на шампиони.

„Ова беше меч вреден за паметење. Направивме се‘ и победивме навистина заслужено“, изјави Клоп по натпреварот. Головите за Борусија ги постигнаа Марко Ројс во 10. минута од пенал, Блажиковски во 60. минута и Аубамејанг во 78. минута, додека единствениот гол за Наполи го постигна Инсиње во 71. минута. Борусија во групата Ф е на втора позиција.

Шалке 04 пак, во неинспиративен натпревар се раздели од Стеауа со нерешен резултат 0:0 и од второ падна на трето место во својата група.

Резултати постигнати на вчерашните средби во Лигата на шампиони:

Група Е:

Стеауа - Шалке 0:0

Базел - Челзи 1:0

На табелата води Челзи со 9 бодови, Базел има 8, Шалке 7, Стеауа 3 бода

Група Ф:

Арсенал – Олимпик Марсеј 2:0

Борусија Дортмунд – Наполи 3:1.

Табела: Арсенал 12 бодови, Борусија Дортмунд 9, Наполи 9, Олимпик Марсеј 0

Група Г:

Зенит – Атлетико Мадрид 1:1

Порто – Австрија Виена 1:1

Табела: Атлетико Мадрид 13, Зенит 6, Порто 5, Австрија 2 бода

Група Х

Ајакс – Барселона 2:1 и Селтик – Милан 0:3.

Табела: Барселона 10, Милан 8, Ајакс 7, Селтик 3

Вечерва (27.11) се играат натпреварите од 5. коло во групите од А до Д. Бајерн Минхен игра против ЦСКА Москва во Русија, додека Бајер Леверкузен на свој терен го пречекува Манчестер Јунајтед.