1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кличко ја одбрани титулата

11 март 2007

Кличко ја одбрани титулата, а првопласираната екипа Шалке го зацврсти лидерското место на табелата во Бундеслигата.

https://p.dw.com/p/AegU
Кличко го совлада Остин со еден удар
Кличко го совлада Остин со еден ударФотографија: AP

Украинскиот боксер Владимир Кличко синоќа ја одбрани титулата во тешка категорија, откако го совлада Американецот Реј Остин со технички нокаут во втората рунда. Решавачки беше жестокиот удар со левата рака, и Остин падна на земја. Остин, успеа да стане, но судијата го прекина мечот. Кличко по победата изјави:

“Се надевам дека публиката уживаше. Мечот беше краток, но ова е тешка категорија и ваквонешто често се случува” Кличко има јасна цел:

“Целта ми е да ја зачувам титулата”.

Титулата, Кличко ја освои минатиот април. Во својата кариера има победено во 48 меча, од кои 43 ги добил со нокаутирање на противникот. Загубил само три меча.

По вчерашните натпревари и Шалке го потврди лидерското место во Бундеслигата. Иако на гостувањето во Хановер играа 1:1, нерешениот меч им донесе бод. Со ова Шалке ја зголеми предноста пред второпласираниот Вердер кој денеска ќе му гостува на четвртопласираниот Баерн од Минхен. Третиот на табелата Штудгарт пак вчера не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и со Волфсбург одигра меч без голови. Вчера славеше и последната на табелата, Борусија Менхенгладбах која со 3:1 ја совлада осмопласираната Херта. Од преостанатите натпревари денеска играат и Хамбургер и Баерн Леверкузен.