Клима – концерти
7 јули 2007Реклама
Со концерти во Сиднеј и Токио почна серијата концерти за заштита на светската клима. Според организаторите цели 24 часа треба да се организираат концерти со 150 ѕвезди од светската музичката сцена и тоа на сите пет континенти. Приходите од концертите ќе одат во прилог на еколошката иницијатива што ја создаде поранешниот американски потпретседател Ал Гор. “Ова е прашање на моралот, на етиката. Станува збор за преживувањето на нашата цивилизацаија. За тоа не ни остануваат уште многу години“ - порача Ал Гор.