Климата се менува со фатални последици
3 октомври 2013Мразот се топи, а земјата сѐ повеќе се загрева. Прегреаната планета е опасност, предупредија експертите од Светскиот климатски совет на прес-конференцијата во Стокхолм. Експертите со денови дискутираа за резултатите од истражувањата.
„Последните три децении беа далеку потопли од која било година од 1850. досега“, вели Раџендра Пачаури, претседавач со Светскиот климатски совет.
Три децении се јасен сигнал дека климата на земјата се менува. И тоа со фатални последици: нивото на морето пораснало за една-третина повеќе од досега прогнозираното. Ризикот од големи поплави и суши расте.
Проблем, кој би можел да има директни последици врз општествата.
Главен предизвикувач на зголемените температури - за тоа прашање експертите се едногласни:
„Тоа е човекот, тоа е јасно“.
Светската заедница е пред опасност да ја пропушти целта за ограничување на затоплувањето на два степени.
Оттука извештајот за климата е алармантен и треба да послужи како повик за будење за конечно да се делува.