Кипар да ја продолжи политиката на отворени врати
1 јули 2012„Во основа тој што го има претседателството нема некаков клучен збор во одредувањето на работите. Се разбира има одредено мало влијание, но ја нема клучната улога за водењето на политиките, така што очекувам фер и коректна соработка со Кипар, кој ќе биде претседавач во наредните шест месеци“, рече Груевски.
Според премиерот, очекувањата на македонските власти од новиот претседавач со ЕУ се да се валоризира сработеното.
„Очекувам валоризација на она што ние го работиме и сме го сработиле и очекувам дека Кипар ќе остане со политиката на отворени врати, согласно заслугите кои одамна ги имаме заслужено, но поради причини кои ви се познати, а тоа е блокадата од Грција, засега не можеме да ги реализираме, а тоа е членството во НАТО и ЕУ“, рече премиерот Груевски.