1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипар бара помош

ЖА/дв/дпа/ртре18 декември 2012

Без меѓународна финансиска помош на Кипар за неколку дена му се заканува платежна неспособност. Тројката меѓународни кредитори, ЕУ, ЕЦБ и ММФ, го разгледува кипарското барање за финансиска помош.

https://p.dw.com/p/174Nn
Фотографија: picture alliance/chromorange

Доколку во следните денови земјата не добие 250 до 300 милиони евра, владата не би можела да се носи повеќе со должничката криза, изјави државниот секретар за финансии Кристос Пацалидес во парламентот во Никозија. Тој ги повика држвавните претпријатија да и‘ позајмат пари на државата од нивните пензиски фондови. Во спротивен случај, администрацијата можеби овој месец ќе мора да се откаже од платите. Патсалидес изјави дека на владата и‘ е потребни вкупно 420 милиони евра, но напомена дека 170 милиони веќе се обезбедени од „надворешни извори“.

Пацалидес изјави дека владата нема план Б во случај на неуспех на сегашните преговори со Тројката, составена од претставници од ЕУ, ЕЦБ и ММФ. Тројката го испитува барањето на Кипар, кое ќе биде поднесено на 21. јануари пред еврогрупата. Дури и при позитивен исход, ќе потраат повеќе недели додека Никозија да ги добие парите. Кипар до крајот на 2016 година бара финансиска помош од 17 милијарди евра.

Кипар во јуни побара помош, откако двете најголеми домашни банки, кои во голема мера беа изложени на долговите на грчките банка, побараа помош бидејќи не успеале да ги исполнат новите прописи за нивото на капитал на банките во Европската унија.