1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипарските Грци песимисти дека наскоро ќе се реши проблемот

30 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJ2

Кипарските Грци се песимисти и сметаат дека наскоро нема да се најде решение за проблемот со поделениот остров, покажуваат резултатите од последната анкета објавена во денешните медиуми во Никозија. Дури 88% од испитаниците не очекуваат скоро решение на проблемот наспроти 9% кои се оптимисти. Над половина од анкетираните сметаат дека мала е користа од приемот на Република Кипар во ЕУ, а 22 % од нив сметаат дека тоа имало негативно влијание. Дури 85% од испитаните сметаат дека кипарската влада треба да го искористи правото на вето против приемот на Турција во Еу, доколку Анкара не ги исполни обврските.