1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипарските банки завршија во руски раце

Рајна Бројер/ Александра Трајковска24 септември 2013

Листот се сврте: Многумина доверители и големи штедачи, кои при процесот на спасување на банките на Кипар изгубија големи пари, преку ноќ стануваат акционери. Пред сѐ Русите на крајот ќе излезат како големи победници.

https://p.dw.com/p/19mub
Фотографија: picture-alliance/dpa

30 степени и многу сонце ја засладуваат есента. Долго шеталиште, ексклузивни ресторани и луксузни хотели, и палми до недоглед. Лимасол е пристанишната метропола во Акротири заливот и втор по големина град на Кипар. Тука туризмот доживува бум, продавниците исто така. Имено Лимасол е и финансиски центар на Кипар. Таму се сместени многу офшор фирми.

„Кипар и специјално кипарскиот правен систем е благонаклонет кон странските инвеститори. Вложувачи од целиот свет, дали јужна или западна Европа, Африка или Азија, тие тука ги вложуваат своите пари. Исто така и од Русија. Руските претприемачи на Кипар гледаат како отскочна штица за други пазари“, вели Михаел Соболев, руски финансиски советник од Лимасол.

Но, ненадејно за еден момент се чинеше дека почна да се руши финансискиот рај. Руските инвеститори за кратко го изгубија тлото под нозете. На 25. јуни 2012 година Кипар поднесе барање за финансиска поддршка: Уште во тој момент двете најголеми банки на земјата беа значително финансиски заслабнати.

Hotel Le Meridienlimassol
Лимасол -финансиски центар на КипарФотографија: Hotel LeMeridien limassol

Помошта дојде речиси една година подоцна. Вкупно десет милијарди евра и беа ветени на малата островска држава. За оваа помош, донаторите односно Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка очекуваа покрај вообичаените реформи - укинување на работни места, кратења на расходите и покачување на даноците за претпријатијата и невообичаени мерки.

Меѓу нив: учество на доверителите при спас на Банката на Кипар (т.н. Bail-in) како и ликвидација на Лаики банката, втората по големина банка во земјата. Оние банки значи, кои претходно во 2011 година успешно го положија стрес-тестот на европските банкарски власти. Последица: штедачите и доверителите загубија делови од својот имот. Пред сѐ руските инвеститори беа силно погодени од оваа вонредна мерка. „Русија му помогна на Кипар со кредит. Во очите на многумина Русија со тоа придонесе за стабилизација на кипарската економија. Чекорот на Тројката им наштети на интересите на руските претпријатија, што предизвика негативни реакции“, вели Јарослав Лисоволик од Дојче банк во Моксва.

Од губитник до победник

Меѓутоа од наводните големи губитници на крајот би можеле да произлезат големи победници - оти оние кои го подготвуваа планот за спас превидоа нешто или не сакаа да го видат.

„Кога беше одлучено, Банката на Кипар да биде спасена со Bail-in, беше очигледно дека луѓето кои ги загубија своите штедни влогови, ќе добијат акции како обештетување. Тое е типично за Bail-in. Одлуката за Bail-in беше чудна, оти причината беше големите руски парични влогови да бидат вклучени во спасот на банките - а не на даночните обврзници. Но резултатот беше што истите руски олигарси сега се акционери на банките. Каква иронија. Се прашува, дали поддржуважите на Bail-in уште од почетокот го осмислија тоа. Тоа можеше да се предвиди“, вели Софронис Клеридес, економски експерт на Универзитетот Кипар.

Zypern Euro Krise Banken öffnen wieder nach Sperre
Кипар беше оаза за странските инвеститориФотографија: picture alliance/dpa

Речиси 50 проценти од влоговите на големите инеститори на Банката на Кипар се претворени во акции, остатокот подложи на капитална контрола. Меѓу 50 и 60 проценти од сите акции на Банката на Кипар според медиумски информации се во руски раце. Шест од 16 членови на ново избраниот борд на директори на Банката на Кипар се Руси - меѓу нив Владимир Стрзхалковски, поранешен член на управниот одобор на рускиот производител на никел „Норилск Никел“ и екс КГБ колега на Владимир Путин. „Тие (Тројката, н.з.) сакаа да ги исфрлат Русите, но на крајот нашата најголема банка им ја испорачаа на Русите“, го цитира „Њујорк тајмс“ кипарскиот претседател Никос Анастазијадис.

Со изборот на новиот борд на директори многу експерти се надеваат на нормализација на Банката на Кипар и враќање кон секојдневните работи - со или без Русите.