Кипарскиот министер за финансии поднесе оставка
2 април 2013Реклама
Министерот за финансии на Кипар, Михалис Сарис, својата оставка ја обелоденил по завршувањето на разговорите со меѓународните инвеститори за пакетот помош тежок милијарди евра. Тој изјави дека дава оставка за да ја олесни истрагата во рамки на банкарската криза во земјата.
Конзервативниот весник „Филелефтерос“ јавува дека досегашниот министер за труд, 41-годишниот Харис Георгијадес, ќе биде наследник на Сарис.
Уште за време на посетата на Сарис на Москва предминатата недела имаше гласини за тоа дека министерот за финансии ќе поднесе оставка, пишува весникот „Политис“. Оставка на Сарис, освен тоа, во повеќе наврати бараше и поглаварот на Православната црква на Кипар, која има големо влијание во земјата.