1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинеската влада ќе изградела поубави домови од разрушените

Александар Методијев/ројтерс/макфакс/афп21 април 2013

Најмалку 203 луѓе загинаа, а повеќе од 11.000 се повредени, од кои 1.000 сериозно, во вчерашниот земјотрес од околу 7 Рихтерови степени во југозападната кинеска провинција Сечуан. Земјотрес денеска ја стресе и Јапонија.

https://p.dw.com/p/18K9U
Фотографија: Getty Images

Најголем број од жртвите се во округот Лушан. „Округот Лушан се враќа во нормала, но се’ уште има значајна потреба од прифатилишта и материјали“, оцени Кевин Ксиа од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. „Снабдувањата со залихи тешко доаѓаат во регионот поради сообраќајниот хаос“, додаде Ксиа.

Работниците се фрустрирани, затоа што не можат да дојдат до погодените области. „Брзаме. Има луѓе на кои им треба помош, а ние имаме залихи во колава“, вели еден маж од тимот за итни интервенции при земјотреси од провинцијата Шандонг.

Erdebeben in China am 21. April 2013
Стнабдувањето со потребни медицински и прехрамбени залихи е отежнатоФотографија: Reuters

Министерството за надворешни работи им се заблагодари на странските влади за понудената помош, но од оваа институција нагласуваат дека земјата може сама да се справи со природната непогода. Премиерот Ли Кекијанг веднаш ги посети погодените места за да поразговара со повредените и спасувачите и за да се искачи врз урнатините.

„Немојте да бидете тажни. Ќе градиме по оваа катастрофа и вашите нови домови ќе бидат дури и подобри од претходно“, државните медиуми ја цитираа неговата изјава пред жителите.

Erdebeben in China am 21. April 2013
Можно е бројот на жртвите да растеФотографија: Reuters

Директорот на службата за вонредни состојби во Сечуан изјави дека повеќето од областите погодени од земјотресот се под надзор и дека не се очекува зголемување на бројот на жртвите. Провинцијата Сечуан е една од најсеизмички активните зони во Кина. Пред пет години, на 12-ти мај 2008 година, во оваа провинција беше регистриран најмоќниот земјотрес што ја погодил Кина во последните 30 години со магнитуда од 8,0 степени според Рихтер. Според официјалните податоци, во потресот загинаа или уште се водат како исчезнати вкупно 87.150 луѓе (за 69.195 потврдена е смртта, а 18.392 се водат за исчезнати), а повредени беа 374 илјади луѓе, додека милиони останаа без своите домови. Сеизмолозите наведуваат дека земјотресот од саботата не е никако поврзан со трагедијата од 2008 година.

Земјотресот во кинеската провинција Сечуан беше петти на светот во овој април, а од почетокот на годинава се регистрирани 23 големи земјотреси во светот, во кои загинаа повеќе од 230 луѓе.

Последниот посилен земјотрес од 6,1 степен е регистриран денеска на јужниот брег од јапонскиот остров Хоншу. Земјотресот е регистриран на 644 километри од Токио и не е издадено предупредување за цунами.