Кина ја предупредува Германија да не го прима Далај Лама
18 септември 2007Реклама
Кина ја предупреди германската влада да не го прима Далај Лама наредната недела. Портпарол на министерството за надворешни работи во Пекинг изјави дека германската влада треба да ги има предвид вкупните билатерални односи. Кина е против контакти на Далај Лама со германски владини службеници. Духовниот водач на Тибетанците е поканет на прием кај германската канцеларка, Ангела меркел, на 23 септември. Средбата е приватна размена на мислења и важи како почеток на серијата разговори со различни верски водачи, се вели официјално од германска страна. Кина, која Тибет го третира како провинција, го обвинува Далај Лама дека дава поддршка на сепаратистички тенденции.