Кина сака да го стопира вадењето органи од затворениците
28 декември 2012Кина со години е на мета на критики поради спроведувањето смртни казни. Ниту во една друга земја во светот не се вршат толку егзекуции колку во Кина, иако точниот број не е познат. Џон Кем, претседател на американската Фондација за човекови права „Дуи Хуа“ вели дека бројот извршени смртни казни во Кина се чува као држава тајна. Сепак, експертите имаат свои претпоставки: „Се претпоставува дека во Кина во 2011. година се погубени околу 4 илјади лица“, вели Кем.
Организациите за заштита на човековите права стравуваат дека оваа бројка е многу повисока. Исто така не се знае многу ниту за спорната, но многу распространета пракса-потребните органи да се земаат од погубените затвореници.
Розен Рајс од Амнести интернешнл вели: „Главниот извор на органи за трансплантација во Кина се погубените затвореници. Во меѓувреме дури и заменикот министер за здравство изјави дека ова решение долгорочно не е прифатливо“.
Културна бариера за донирањето органи
Првата трансплантација на органи во Кина е извршена во раните 1970-ти години. Уште тогаш се работеше за органи од погубени затвореници. Ни тогаш, како ни денес, кинеските граѓани не се подготвени да донираат органи по смртта. За многумина оваа идеја е апсурдна. Џон Кем е уверен дека се работи за културно табу: „Во Кина традиционално се верува дека оној кој го напушта овој свет и заминува во ’нов свет’ мора да ги има сите органи, затоа е толку мал бројот на донатори“.
А тоа е и причината поради која се земаат органи од егзекутирани затвореници.
Светската здравствена органзација пред 25 гоидни го критикуваше ваквото обезбедување органи: „Невозможно е утврдувањето дали затворениците доброволно се согласиле на тоа или не. Се стравува дека затворениците не се слободни во донесувањето на одлуката“, вели Розен Рајс.
Кинеската влада пред пет години укажа на етичките проблеми на земање органи од погубените затвореници. Оттогаш притворените можат слободно да донираат органи само на блиски роднини. Во пракса ова парвило нема никакво влијание. Напротив, меѓународните медиумси извешати зборуваат за околу 10 илјади трансплантации годишно во Кина. Наводно, органите речиси во 7 илјади случаи се земани од затвореници. „Тоа значи дека од еден труп се земаат повеќе органи“, вели Розен Рајс.
Автобуси чекаат пред болниците
Најголем дел од смртните казни во Кина се врши со смртоносна инјекција во автобуси за погубување. Тие делумно се паркирани директно пред болниците за да се обезбеди брза трансплантација. Меѓународните медиуми известуваат за околу еден ипол милион луѓе кои моментно чекаат на транплантација. Треба да се додаде дека во Кина официјално е забранета и трговијата со органи. Стручњаците меѓутоа сепак веруваат во нејзино продолжување: „Голем дел од работат се одвива во кинеските заедници во југоисточна Азија“, вели Џон Кем.
Кинеската влада објави дека органите од погубените затвореници не смеат да се користат за трансплантација. До 2015. година оваа пракса мора да прекине. Тоа, меѓутоа, значи неопходност од мотивација на населението во Кина да донираат органи по смртта. Треба да се каже дека ситуацијата на планот на донирање органи се менува. Постојат и Кинези кои се подготвени да им помогнат на другите, како на пример една девојка од Пекинг: „Можам да замислам да им помогнам на другите. Всушност, на такон начин не усреќувате само едно лице, туку цело семејство. Ние младите не размислуваме како постарите-дека телото по смртта мора да остане цело“.