Кина поддржува решение за Косово за кое ќе се согласат двете страни
21 септември 2007Реклама
Кина се залага преговорите за статусот на Косово да се водат без ограничувања и без наметнување на решенија. Кинескиот заменик министер за надворешни Чиа Чонгуај по средбата со српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека „наметнато решение за Косово би можело да има сериозни последици и дека Кина ќе го поддржи само она решение кое ќе го прифатат двете страни. Кина е една од петте постојани членки и земји со право на вето во Советот за безбедност на ОН.