1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина и Индија: „рака за рака“ во азискиот 21 век

16 јануари 2008

Експертите предвидуваат дека Кина и Индија наскоро ќе ги симнат Соединетите Американски Држави од првото место во светската економија. Поранешните лути ривали кои во 1962 година водеа и војна, станаа економски партнери.

https://p.dw.com/p/Cpu3
Синг зборува во кинеската академија во ПекингФотографија: AP

Досега владееше голема меѓусебна недоверба – сега тоа треба да се промени.

Тоа беше и желба на индискикот премиер Манмохан Синг кој ја соопшти при неговата повеќедневна посета на Пекинг.

Два економски гиганта

Место задршки и недоверба, индиско-кинеската соработка во иднина треба да биде позитивна. Ова го соопшти индискиот премиер Манмохан Синг на крајот од посетата на Кина. Двете земји во изминатите години се развија во светски економски гиганти чија соработка беше во сенката на минатото. На пример, нерешниот пограничен конфликт поради кој водеа војна во 1962 година.

Индискиот премиер Синг сепак се надева дека старите проблеми можат да бидат ставени настрана:„Знаеме за обврските што ги имаме. Мораме да ги оставиме проблемите настрана за да не ги оптоваруваат нашите односи. Ние сме судбински поврзани, како географски,така и во историјата. На Кина и Индија им се потребни мир и стабилност во директното соседство и во регионот„.

Наместо око за око - рака за рака

Посетата на индискиот премиер ја одбележаа хармонија и обиди за заеднички решенија. Експертите како Ма Џиали ја вреднуваат како успех: „Во 60-сеттите години се уште се велеше: око за око, заб за заб. Денес двете земји одржуваат заеднички воени вежби под името: рака за рака. „Рака за рака“, веќе тоа покажува дека односите и политички се подобрени„.

Економијата има предност

Стана збор овојпат и за повеќе политички теми, но соработката останува најголема во економијата. Денес билатералната трговија достига 20 милијарди долари. До 2010 треба да достигне 60.

Место како досега да се натпреваруваат кој е број 1 во Азија,

Кина и Индија сега се залагаат за варијантата – азиска сила. За тоа индискиот премиер Синг:„Гледаме дека има доволно место за обете и обете можеме да станеме богати. Премиерот Вен Џијабао и јас имаме заедничка визија: индиско-кинеските односи, освен за сопствената благосостојба, треба да придонесат за доброто на целиот регион. Стигнавме до преломна точка во историјата. Тежиштето на економијата се префрли во Азија. 21 првиот век може да биде азиски век„, смета индискиот премиер Манмохан Синг.