1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Киднапиран турски пратеник

СН/АМ/ртр/афп13 август 2012

Курдските бунтовници киднапираа турски пратеник во источниот дел на земјата. Единици на турската армија започнале потрага по грабнатиот Хусеин Ајгун.

https://p.dw.com/p/15oXj
Фотографија: AP

Државната агенција Анадолија јави дека политичарот на опозициската Републиканска народна партија бил грабнат од страна на бунтовниците, на една блокада на патот меѓу две места во регионот. Еден новинар и еден советник на пратеникот Ајгун, кои патувале со него, биле ослободени, пренесува натаму агенцијата Анадолија. Ајгун е пратеник од градот Тунчели. Според неговата интернет страница, тој при неговата работа меѓу другото се занимава и со повредите на човековите права, како и измачувањето и присилното протерување од курдските села.

Конфликтот ескалира

Türkei Kämpfe Kurden
Турската армија минатата недела убила 120 борци од ПККФотографија: picture alliance / dpa

Курдските бунтовници редовно земаат заложници за да издејствуваат ослободување на нивните соборци од турските затвори.

Бунтовници од Курдската работничка партија - ПКК од 1984-та година наваму се борат за автономија на југоисточниот дел на Турција, претежно населен со Курди.

Во изминатите денови тензиите меѓу турската држава и бунтовниците пораснаа. Турската армија на почетокот од минатата недела, според сопствени наводи, убила најмалку 120 борци на ПКК на југоистокот на земјата.

Властите во Анкара стравуваат дека курдските бунтовници ја користат граѓанската војна во соседна Сирија за таму да создадат бази за вооружена борба во Турција.