1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Киднапиран автобус со деца во Манила

28 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJp

Во филипинскиот главен град Манила двајца вооружени мажи држат во заложништво 32 деца и двајца учители. Според медиумите, киднаперите го заземале училишниот автобус и бараат 145 деца од една сиромашна населба да добијат соодветно образование. Еден од киднаперите на телевизија изјавил дека кога филипинските политичари ќе им го исполнат барањето, децата ќе бидат ослободени. Киднапираниот автобус е опколен од полицијата.