Киднапираниот италијански новинар повторно дома
21 март 2007Реклама
По две недели минати во заложништво на талибанските бунтовници во Авганистан , италијанскиот новинар даниеле Мастроџакомо се врати во татковината . 52 годишниот новинар беше пречекан на римскиот аеродром Кјампино од италијанскиот премиер Романо Проди . Инаку авганистанската влада за да издејствува ослободување на репортерот на весникот „Ла Република“ мораше да пушти на слобода поголем број Талибански борци .