Кејси: рано е да се зборува за евентуално признавање на Косово
24 мај 2007Реклама
Портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Том Кејси изјави дека се уште е рано да се зборува за евентуално унилатерално признавање на независноста на Косово. „Нашиот став е непроменет. Го поддржуваме планот на Ахтисари кој е основа за придвижување на процесот за по одредено време да се реши прашањето на Косово“, изјавил Кејси. Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Виена изјави дека е против наметнато решение за статусот на Косово.