1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Керим ќе претседава со 62 – то Генералното собрание на Обединети Нации

18 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BhBG

По долгогодишни политички дебати земјите членки на Обединетите Нации бараат спроведување на задоцнетата реформа на Советот за безбедност. Во резолуцијата усвоена вчера, Генералното собрание на ОН побара од наредниот претседател Срѓан Керим да се погрижи за одржување голем број преговори на владино ниво. На преговорите според резолуцијата треба да се земат предвид сите опции за опсежно ново структуирање на највисокото тело на ОН и колку што е можно побрзо, најдобро пред крајот на годинава официјално да се претстават резултатите. 62-то Генерално собрание на ОН почнува денеска, а со него претседава Срѓан Керим.