1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Керим е кандидатот за ОН

Горан Петрески13 септември 2006

Срѓан Керим, искусен дипломат, сега директор на три македонски дневни весници, ќе биде кандидатот на Македонија за претседател на генералното собрание на ОН.

https://p.dw.com/p/AdcP
Знамето на ОН
Знамето на ОНФотографија: AP

Владата на последната седница донесла одлука да го кандидра Срѓан Керим за оваа престижна функција. Сега на владата и претстои интензивна лоби мисија, за да обезбеди поддршка за Керим и од другите источно-европски земји, кои треба да го дадат следниот претседател на Генералното собрание на светската организација. Портпаролката на министерството за надворешни работи, Шпреса Јусуфи, вели:

“Ова е исклучително значајно, зашто оваа личност не само што треба да биде прифатена од владата на Република Македонија, туку таа треба да биде прифатлива и за земјите од регионот. Тоа треба да биде еминентна личност која што досега се има докажано со своите квалитети. “

Керим ги задоволува критериумите. Поранешен министер за надворешни работи и амбасадор во ОН и во Берлин. Сега е директор на концернот ВАЦ во Македонија. Функцијата претседател на Генералното собрание трае една година и по правило носи многу поени за земјата, бидејќи значи многу за нејзиниот имиџ на меѓународен план. Станува збор за мандатот 2007-ма до септември 2008-ма година. Доколку Керим ја добие фотелјата во Њујорк ќе биде вториот Македонец ќе претседава со седниците на Генералното собрание на ОН. Во 70-тите години, како претставник на тогашна СФРЈ, тоа го правеше Лазар Мојсов.