1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кенијата е прогласен за победник на изборите во Кенија

ЕМФ/ард/дпа/ртр9 март 2013

Кенискиот вице-премиер Ухуру Кенијата е победник на изборите во Кенија уште по првиот круг, соопшти денеска (09.03) државната Изборна комисија во Најроби.

https://p.dw.com/p/17uBh
Фотографија: Reuters

Кенискиот вице-премиер Ухуру Кенијата (фото горе) изненадувачки постигна победа уште во првиот круг гласање во Кенија. Резултатот е прилично тесен. Кенијата, како што соопшти Изборната комисија, освоил 50,7 проценти гласови. Претседателот на Комисијата, Исак Хасан, соопшти дека Кенијата освоил 6,13 милиони гласови.

Претходно, најлутиот ривал на Кенијата, премиерот Раила Одинга, преку своите советници најави дека можеби нема да ги прифати резултатите од изборите, поради тоа што, како што рече, тие биле „фалсификувани“. Избирачките ливчиња на крајот биле пребројувани рачно, поради тоа што системот откажал и електронското броење било невозможно.

Како што извести „Ист Африкан Стандард“, во изборниот штаб на Кенијата победата се прославувала уште во текот на ноќта.

Во 2007-та година за победнци на изборите се прогласија и претседателот Мваи Кибаки и Одинга. Последицата од тоа беа повеќемесечните крвави судири во земјата, во кои загинаа над 1200 луѓе. Насилството го поткопа имиџот на Кенија како стабилна демократија. Кенијата е обвинет дека во тоа време испраќал ескадрони на смртта против своите противници и поради тоа мора да одговара пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Кенијата ги отфрла обвинувањата.