1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кенискиот претседател прогласи победа над терористите

БГ/ап/миа25 септември 2013

Претседателот на Кенија објави дека е завршена операцијата против терористите кои нападнаа трговски центар во главниот град Најроби. Најмалку 72 лица ги загубија животите

https://p.dw.com/p/19o8B
Фотографија: John Muchucha/AFP/Getty Images

Кенискиот претседател Ухуру Кенијата синоќа прогласи победа и објави крај на операцијата против исламистите кои го нападнаа трговскиот центар Вестгејт во Најроби. Во нападот се убиени 72 луѓе меѓу кои петмина од напаѓачите и шест војници. Повредени се 175 луѓе, а 11 терористи се уапсени.

Претседателот во телевизиско обраќање прогласи тридневна жалост која почнува денеска. Според него, кениските безбедносни сили „ги посрамотиле и победиле напаѓачите“, по четиридневната опсада на трговскиот центар. Кенијата потврди дека во судирот со напаѓачите се урнале три ката на трговскиот центар.

Nairobi Kenia Terroranschlag Al-Shabaab Einkaufszentrum Westgate Mall 24. Sept
Фотографија: TONY KARUMBA/AFP/Getty Images

Одговорноста за нападот ја презеде сомалиската терористичка група ал Шабаб која е поврзана со Ал Каеда. Портпарол на групата се закани со нови напади во Кенија ако таа држава не ги повлече војниците од Сомалија каде се борат против исламистички бунтовници од 2011 година.