Келер: „Ние Германците со срам и ужас гледаме на Втората светска војна“
8 мај 2005Чесниот однос со злосторничкото минато во меѓувреме стана „дел од нашиот колективен идентитет како Германци“ – рече претседателот на Бундестагот Волфганг Тирзе на почетокот од денешната свечена седница на двата дома на германскиот парламент - Бундестагот и Бундесратот, по повод 60-годишнината од крајот на Втората светска војна. Тирзе повика на одбрана на демократијата: „Зачувувањето на сеќавањето на жртвите не обврзува на одбрана на демократтијата денес и на активна мировна политика“. Претседателот на Бундестагот на почетокот од свечената седница им оддаде почит на сите жртви на насилното владеење на националсоцијализмот и војната.
„Ние Германците со срам и ужас фрламе поглед на Втората светска војна започната од Германија и на сломот на цивилизацијата – холокаустот, извршен од Германци“ – рече германскиот сојузен претседател Хорст Келер во говорот на свечената седница. Ние сме одговорни да го одржуваме сеќавањето на сето страдање и причините за него, и ние мораме да се погрижиме тоа никогаш веќе да не се повтори. Нема ставање точка на тие настани“ – подвлече Келер.