Келер денеска во Шангај
25 мај 2007Реклама
Германија и Кина во посетата на германскиот претседател Хорст Келер на Пекинг гледаат нова шанса за надградување на меѓусебните односи. По средбата со Келер , кинескиот претседател Ху Џинтао истакна :
„Сосема сум сигурен дека посетата на германскиот претседател е нова шанса за натамошно унапредување на меѓусебната соработка“
Келер пак го пофали напредокот на Кина , но истовремено потсети на големите проблеми кои сеуште мораат да се решаваат во земјата , како на пример состојбата со човековите права и заштитата на климата. Тој денеска ќе престојува во Шангај последна станица на неговата азиска турнеја.