1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Келер во Кина

24 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anw2

Германскиот претседател Хорст Келер во рамките на посетата на Кина ќе има средба со претседателот Ху Џинтао. Келер на Кина ќе и понуди поддршка за развој на технологии за заштита на климата. Целта е галопирачкиот развој во Кина да не оди на штета на животната средина. Земјата не смее да ја повтори грешката на Западот изјави Келер. На дневен ред се и прашањата поврзани со заштита на човековите права.