1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Квашњевски сака да ја ослободи Тимошенко

Роман Гончаренко/ Жана Ацеска15 октомври 2013

Александар Квашњевски во 2004. година одигра клучна улога во мирната разврска на Портокаловата револуција во Украина. Дали екс-претседателот на Полска може да издејствува и конечно ослободување на Јулија Тимошенко?

https://p.dw.com/p/19zgS
Фотографија: Reuters

Александар Квашњевски е човек со смисол за хумор. Ако успее неговата мисија во Украина, нему и на неговиот колега од Ирска, Пет Кокс, во Киев треба да им подигнат споменик, се нашегува поранешниот полски претседател на една конференција на крајот на септември. Квашњевски и Кокс по налог на Европскиот парламент 16 месеци ги следеа случаите на т.н. селективна правда во Украина. Во источноевропската земја тие патуваа 21 пат, во прва линија се работеше за поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која е во затвор. Вчера (15.10.2013) двајцата го поднесоа завршниот извештај. Успех на мисијата на двајцата политичари би значел Тимошенко да биде ослободена, а Украина на крајот на ноември да потпише Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Treffen Alexander Kwasniewski und Pat Cox in Brussel
Пет Кокс и Александар КвашњевскиФотографија: picture-alliance/dpa

Тоа треба да се случи на самитот на ЕУ-иницијативата „Источно партнерство“ во литванскиот град Вилнус. Решението на случајот Тимошенко Брисел го издигна како еден од основните предуслови.

Посредувачите молат за помилување на Тимошено

Со месеци се чинеше дека помилувањето на Тимошенко нема никакви шанси. Украинскиот претседател Виктор Јанукович повеќепати повтори дека Тимошенко не може дабиде ослободена пред да завршат останатите процеси кои се водат против лидерката на опозицијата. Во меѓувреме украинското раководство испрааќа поинакви сигнали.

„Се надевам дека наскоро ќе утврдимекако да се реши овој случај“, изјави Јанукович во петокот (11.10.2013) во Киев.

Притоа, Квашњевски и Кокс му дадоа конкретен предлог на Јанукович. ЕУ-ополномоштениците на почетокот на октомври на Јанукович му предадоа официјална молба од ЕУ за помилување на Јулија Тимошенко. Тие предложија на Тимошенко, која страда од рбетни болки, од хуманитарни причини да и‘ биде дозволено да отпатува во Германија. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ја повтори оваа понуда при најновата посета на Киев.

Големи искуства со постсоветските елити

Ако посредувачката мисија успее, тоа првенствено би била заслуга на Квашњевски, сметаат набљудувачите. Квашњевски има квалитети и искуствосо кое располага ретко кој европски политичар, истакнува Корнелиус Охман, експерт за источна Европа и постојан член на германско-полското друштво за заемна соработка во разговор за Дојче веле.

Cornelius Ochmann
Корнелиус ОхманФотографија: Cöllen

Квашњевски зборува течно руски, но не само тоа: „Тој го надмина постсоветскиот менталитет, но го разбира. Таму тој се чувствува како риба во вода“. Предноста на Кваѓњевски е што тој лично се знае со години со украинската елита.

Денес 58-годишниот полски екс-претседател ја почна својата кариера во 1970-тегодини во Социјалистичакта унија на полските студенти. Подоцна работел како новинар и министер за млади. На крајот на 1980-те Квашњевски учествуваше на разговорите меѓу владата и опозицијата, кои завршија со мирно запечатување на судбината на комунизмот во Полска.

Во 1990-те години Кваѓњевски ја доживеа болната трансформација на својатаземја во пазарна економија. Екс-комунистот Квашњевски како претседател на Полска ја водеше земјата кон НАТО и ЕУ.

„Се работи за јазична компетенција и содржински разбирање на проблематиката“, вели Охман за мисијата на Кваѓњевски во Украина. Освен тоа, полскиот политичар располага со искуство за успешно решавање на тешки проблеми.

По примерот со Портокаловата револуција

Се мисли притоа на т.н. Портокалова револуција, државната криза во зимата 2004. година во Украина. По фалсификуваните претседателски избори илјадници луѓе излегоа на протести, најголем дел во Киев. Тие го обвинија тогашниот премиер Виктор Јанукович дека му ја одзел изборната победа на спрозападниот кандидат Виктор Јушченко. Кваѓњевски тогаш беше член на посредувачката екипа од странство, која спречи ескалација. На крајот повторно се одржаа претседателски избори, а беше избегнато крвопролевање. Тогашниот полски претседател имаше клучна улогаво преговорите, изјави Хавиер Солана, поранешниот специјален пратеник на ЕУ во разговор за Дојче веле. Солана во 2004. година беше во Киев заедно со Квашњевски. Шпанскиот политичар го опишува Квашњевски како многу одлучен политичар.

EU Ukraine Javier Solana bei Viktor Janukowitsch in Kiew
Хавиер Солана и Виктор Јушченко во КиевФотографија: AP

„Ако нешто сака, тој се обидува тоа и да го добие“.

Поранешниот шеф на европската дипломатија, Солана, е оптимист:

„Ако се точни моите информации, Тимошенко ќе отпатува во Германија“.

Случај на преседан веќе постои. Во февруари 2013. година Квашњевски и Кокс го замолија Јанукович да го помилува поранешниот министер за внатрешни работи во владата на Тимошенко, Јури Луженко. И тој беше осуден во спорен процес. Два месеци по молбата од ЕУ-пратениците, Луженко беше слободен.