1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Квартетот за Блискиот Исток повторно на задача

Силвера Падори21 февруари 2007

Вечерва во Берлин, по втор пат годинава, за спроведување на мировниот план за Блискиот Исток ќе разговараат претставници на ЕУ, ОН, САД и Русија

https://p.dw.com/p/Abz5
Во Берлин ќе ги пренесе впечатоците од средбите со Абас и Олмерт - Кондолиза Рајс
Во Берлин ќе ги пренесе впечатоците од средбите со Абас и Олмерт - Кондолиза РајсФотографија: AP

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер наспроти вечерашнава средба на во Берлин на Квартетот за Блискиот Исток имаше разговори со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мон и американската колешка Кондолиза Рајс.

“Сигурно дека добар дел од разговорите посветивме на подготовките на вечерашнава средба на Квартетот за Блискиот Исток. Ова е втора средба годинава. Согласни сме дека е мошне значајно повторното интензивирање на ангажманот на Квартетот” истакна по разговорот со првиот човек на Обединетите нации Бан Ки Мон, шефот на германската димпломатија Франк Валтер Штајнмаер.

На вечерашнава средба во Берлин, претставниците на Квартетот за Блискиот Исток : ЕУ, ОН, САД и Русија се очекува да направат нов обид за заживување на мировниот процес меѓу Израел и Палестина. Заложба е враќање на преговорите за мировниот план кој предвидува егзистенција на Израел и основање на палестинска држава.

Генералниот секретар на Обединетите нации,Бан Ки Мон по средбата со Штајнамаер го истакна ангажманот на Германија не само како претседавач со Европската Унија и Г8, туку и како иницијатор за решавање на конфликтот на Блискиот Исток. Според него, ангажманот на Квартетот е исклучително значаен зашто мирот во регионот е решавачкии за светската стабилност. На средбата Штајнамер Бан Ки Мон стана збор и за иранската атомска програма, за што генералниот секретар на светрската организација апелираше доп иранските власти целосно да ја почитуваат Резолуцијата на Советот за безбедност и да ги продолжат преговорите со меѓународната заедница и посебно со претставниците на Европската Унија.

Инаку, американскиот дрќжавен секретар Кондолиза Рајс која се сретна и со канцеларката ангела Меркел, веќерва подетално ќе ги информирта членовите на квареттот за Блискиот исток за разговорите кои ги имапе со палестинскиот претседател Абас и иѕраелскиот премиер Олмерт. Рајс на прес конференција се осврна и на руските критики во однос на планот на САД за инсталирање ракети во Источна Европа. Според неа, Москва уште пролетта 2006 била информирана за американскиот план. Тој не е закана против Русија туку инсталирањето на радарската технологија има за цел - спротивставување на заканите од терорирам.