1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Хрватска!

18 ноември 2007

Германија без проблеми убедливо го совлада Кипар, иако играше без повеќемина од стандардните репрезентативци. Италија избегна бламажа и обезбеди учество на ЕП.

https://p.dw.com/p/CIYJ
Лукас Подолски дефинитивно ја надмина кризата и беше централна личност на средбата на Германија со КипарФотографија: AP

Фудбалската репрезентација на Германија, која веќе го обезбеди учеството на Европското првенство наредната година во Австрија и Швајцарија, синоќа во натпревар од претпоследното коло на квалификациите го победи Кипар со 4 спрема 0. Централна личност на средбата одиграна на преполниот стадион во Хановер беше Лукас Подолски кој постигна еден, е подготви два гола. Други стрелци беа Фриц, Клозе и Хицлспергер.

Македонија одамна нема шанси во квалификациите, но успеа да забележи вреден успех за престиж – во Скопје ја надигра Хрватска и ја совлада со 2 спрема 0 со головите на Манов и Наумовски.

По синоќешното коло од квалификациите, учеството на ЕП го обезбедија и Италија, Франција, Шпанија, Холандија, Полска и Хрватска. Шанса неочекувано доби и Англија, откако аутсајдерот Израел ја совлада Русија со 2 спрема 1.

Средбата во Белград меѓу Србија и Казахстан не се одигра поради обилните снежни врнежи. Денеска е решено таа да биде одложена за 24-ти ноември.

З. Јордановски