Качински отпушти уште двајца министри
13 август 2007Реклама
Два дена по најавата за предвремени избори во Полска , премиерот Јарослав Качински отпушти уште двајца министри од неговите досегашни коалициони партнери и ги замени со кандидати од редовите на неговата Партија на правото и правдата . Инаку станува збор за политичари од националистичката Лига на полски семејства и на радикалната Земјоделска партија . За време на викендот премиерот Качински посочи дека предвремените избори би можеле да се одржат веќе на почетокот од септември.