Кацав: "Германија вистински пријател на Израел”
1 февруари 2005Кацав ги оцени односите меѓу двете земји како блиски и пријателски. “Германија во годината 2005-та е вистински пријател на Израел”, рече претседателот на таа земја на заедничката прес-конференција.
Хорст Келер искажа задоволство поради поканата за посетата и посебно од топлиот, пријателски пречек и од атмосферата за време на разговорите. Во нив обајцата соговорници биле согласни дека треба да биде натамошно интензивирана соработката меѓу младите од двете земји. Националсоцијалистичкото минато и’ налага на Германија и во иднина посебна одговорност за еврејската држава. Сите демократски сили во Германија се обединети за сузбивање на антисемитизмот и десниот радикализам со сите замисливи средства, но пред се’ со политичко спротивставување, рече Келер. Германскиот претседател во текот на денов ќе се состане и со израелскиот премиер Ариел Шарон, а утре ќе одржи говор во парламентот.