1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Катастрофа на Шалке, тренерот доби отказ

Бенјамин Вист13 април 2008

Во Бундеслигата титулата речиси му е обезбедена на Баерн, но извонредно неизвесна борба се води за позициите зад него, кои водат во Лигата на шампионите. Се води и грчевита борба за опстанок.

https://p.dw.com/p/Dh00
Мирко Сломка мора да ја напушти тренерската позиција во Шалке - поразот во Бремен ја прелеа чашатаФотографија: AP

Вердер синоќа го декласира Шалке победувајќи го со 5 спрема 1, му го презеде второто и го потисна на трето место на табелата. „Прилично горка шлаканица за нас, мора да се каже. Досега како тренер на Шалке не доживеав да примиме повеќе од два гола. На Вердер мора да му се упатат срдечни честитки, тоа беше извонредна партија“, изјави Мирко Сломка, тренер на тимот од Гелзенкирхен. Тој го плати цехот - денеска доби отказ.

Чекор во борбата за учество во Лигата на шампионите губи Хамбургер, по поразот од 1 спрема 0 дома од Дуизбург, екипа која се бори за опстанок.


Жестоко е и во борбата за опстанок


Во дербито на дното Енерги во Котбус ја совлада Арминија со 1 спрема 0. Важни бодови освои и Ханза со победата од 2 спрема 1 на гости кај Карлсруер. Бохум и Херта играа нерешено 1 спрема 1, Хановер го совлада Ајнтрахт со 2 спррема 1.

Средбата Нирнберг - Волфсбург во петокот вечерта беше прекината во првото полувреме при водство на домаќинот со 1 спрема 0, поради невозможни услови за игра на теренот преплавен со вода од силниот дожд. Натпреварот ќе се прегигра од почеток.

Баерн води со 57 бодови, Вердер има 50, Шалке 48. На днотоЕнерги има 29, Ханза 27, Дуизбург и Арминија по 25, а Нирнберг 23 бодови и натпревар помалку. Во преостанатите натпревари од 28-то коло денеска Баерн ќе игра против Борусија Дортмунд, а Баер Леверкузен го пречекува Штутгарт.

►◄