1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каршеринг-евтини автомобили за изнајмување

Ања Хер / Александар Методијев26 август 2012

Рент-а-карот е старомоден. На цена е каршерингот, како евтина варијанта за користење туѓ автомобил. Бројот на корисници годишно расте за 20 проценти, а производителите на автомобили тријат раце од новиот бизнис.

https://p.dw.com/p/15tWo

На Александер Ертнер итно му е потребен автомобил. Поради тоа овој берлинчанец го проверува смартфонот.

„Црвениот знак сме ние, а сините знаци се автомобилите кои стојат на располагање. Тоа е во блиската околина. Во овој случај се работи за Мини Купер на 381 метар оддалеченост со 31 процент гориво. Тука го букирам“, вели Александер Ертнер, корисник на каршеринг, притискајќи на еден дел од екранот на смартфонот.

Од пред три месеци тој е муштерија во ДрајвНау, фирма за каршеринг. Два до трипати неделно тој користи еден од автомобилите. Клуч не постои. Едноставно се става возачката дозвола од ЕУ на ветробранот, автомобилот се отклучува и се тргнува.

„Јас главно го користам автомобилот за да посетам луѓе, поради термини од приватна или професионална природа. Свеста за животната средина игра исто така улога, бидејќи очигледно јас повеќе немам потреба од сопствен автомобил. Бидејќи во град може да се забележи колку многу луѓе имаат сопствен автомобил и колку време се троши пред вратата“, Александер Ертнер, корисник на каршеринг.

Carsharing in Deutschland
Каршеринг - евтина алтернатива на сопствен автомобилФотографија: picture-alliance/dpa

Каршерингот без стриктни станици станува се‘ попопуларен во големите германски градови. Автомобилските производители се радуваат на новиот пазар - околу 200.000 Германци до сега користеле Каршеринг. Околу 30 центи чини патувањето по минута со позајмен автомобил. Во Германија има над 100 понудувачи на каршеринг. Дека тоа станува се попопуларно може да потврди и тој - Кристијан Шмид, кој раководи со веб-страницата CarSharing-Berlin.de. Бројот на корисниците од почетокот на годинава се удвои.

„Најголем дел од станиците секако дека се наоѓаат во градскиот центар и се разбира во населбите Мите, Прензлауерберг, Кројцберг или Шененберг. Во Вединиг, на пример, бројот на станици е помал и затоа овие возила можат повеќе да се изнајмат во центарот на градот“, објаснува Кристијан Шмид, раководител на веб-страницата CarSharing-Berlin.de.

Наскоро треба да има повеќе од овие понуди. Ситроен стартуваше нова фирма за каршеринг со овие електроавтомобили. Засега стотина од нив од почетокот на август се на улиците низ Берлин. Бројот на каршеринг корисници годишно расте за 20 проценти. Можеби приватниот автомобил во големиот град веќе припаѓа на минатото.