Карлос Дунга, нов селектор на Бразил
25 јули 2006Реклама
Поранешниот капитен на репрезентацијата која во 1994 во САД ја освои титулата светски првак е нов кормилар на Кариоките, потврди денеска фудбалската конфедерација на Бразил. Дунга доаѓа на местото на Карлос Алберто Парера кој се повлече по елиминацијата во четвртфиналето на светското првенство во Германија. Изборот на Дунга во целост ќе ги задоволи желбите на бразилските навивачи кои сакаат ентузијасти, изјави претседателот на фудбалската конфедерација Рикардо Тежеира. Инаку Дунга, досега нема искуство како тренер.