Карловата награда за литванската претседателка
9 мај 2013Далија Грибаускаите е истакната личност во балтичкиот простор, се вели во образложението на директориумот на Ахенската Карлова награда. Со храброст и одмереност поранешната комесарка за буџет на ЕУ ја изведе Литванија од економската криза и со својата земја сега се залага за прием во еврозоната, и покрај сета несигурност. Тоа е „развој за пример“. Грибаускаите исто така важи за градител на мост меѓу ЕУ и источните земји, се вели во образложението.
Претседателката на Литванија е 55. носителка на Меѓународната Карлова награда, која првпат беше доделена во 1950 година.
Лаудациото на свеченоста во Собранието на Ахен го одржa претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
Економската криза не е прашање на еврото, рече Грибаускаите неодамна во интервју за ДВ. „Не може еврото да се прави одговорно за тоа, кога некој во сопствената земја не е во состојба да донесува одговорни политички одлуки“. Станува збор за тоа како се менаџира една земја“, смета 57-годишната Грибаускаите. Проблемот со јужноевропските земји е недостиг на одговорност, смета литванската политичарка.
Политикологот Лаурас Биелинис, кој има напишано две книги за литванската политичарка сепак наоѓа критични зборови за неа. Тој ја опишува Грибаускаите како типичен функционер, која беспрекорно ги спроведува прописите, но без визии.
Во втората половина на 2013 година Литванија ќе застане на кормилото на ЕУ. Тогаш оваа балтичка земја го презема претседателството со Европската унија од Ирска.