Карзаи се среќава со Буш
5 август 2007Реклама
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи е во посета на САД. Централна тема на дводневните разговори меѓу Карзаи и американскиот претседател Џорџ Буш се очекува да бидат грабнувањето на Јужнокорејците и германскиот инжинер. - Министерството за надворешни работи во Берлин ги продолжува напорите за ослободување на инжинерот, а во случајот на јужнокорејските заложници, Талибанците изразиле готовност за директни преговори со Сеул ако им се гарантира безбедност од страна на ОН.