1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Караници околу планот за спас на Грција

20 март 2010

Европската комисија за првпат директно побара од земјите-членки билатерална финансиска помош за Грција поради нејзината должничка криза. Ова може да доведе до масивен конфликт со германската канцеларка Ангела Меркел.

https://p.dw.com/p/MY6U
ЕК бара пакет од меѓувладини позајмици за ГрцијаФотографија: DW-Montage/bilderbox.de

Одлуката за финансиската помош за Грците, според претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо, треба да падне следната недела на самитот на ЕУ. Вака натаму не оди, изјави Барозо синоќа во Брисел, залагајќи се за билатерални кредити за Грција, регулирани преку нов систем за помош.

„Ги повикувам сите раководители во ЕУ да се договорат за новите механизми што е можно побрзо“, побара Барозо.

ЕК предложи Германија и другите држави од еврозоната да направат пакет на меѓувладини позајмици на Грција, како помош за земјата да ја надмине економската криза. Барозо не прецизираше како би изгледал новиот ситем за помош, но за него е јасно дека ваквиот инструмент не е во спротивност со догвоорите на ЕУ, па ни со одредбите кои забрануваат преземање на долгови од други држави.

Со овој предлог ЕК оди на курс на конфронтација со германската влада: германската канцеларка Ангела Меркел и натаму одбива финансиска помош за Грција од европските држави и во игра го внесува ММФ како можен спасител.

Symbolbild Merkel sagt nein zu Griechenland Flash-Galerie
Наместо давање пари, Меркел бара можност за отстранување од еврозонатаФотографија: DW/AP

Меркел бара заострување на Пактот за стабилност на еврото

Причина за брзање нема, германската влада е уверена во успехот на консолидирачките напори на Грција, изјави портпарол на кабинетот во Берлин. Ангела Меркел сака да спречи донесување одлука на самитот на ЕУ следната недела, меѓу другото и поради големите отпори во Германија кон финансиската помош за Грција. Наместо да им дава пари на Грците, Меркел сака заострување на правилата на Пактот за стабилност на еврото, до степен на крајност - односно во него да се воведе и можноста земјите кои не се придржуваат до него да бидат исклучени од еврозоната.

Прашање е како останатите земји од ЕУ ќе го примат предлогот на ЕК. Министрите за финансии на почетокот на неделава се согласија во основа за билатерални кредити за Грција, ако тоа биде нужно. Сепак, по средбата се појавија различни интерпретации околу договореното. Засега е сосема неизвесно дали шефовите на евроземјите ќе дадат согласност за планот на претседателот на ЕК, Жозе Мнауел Барозо.

Грчкиот премиер Јотгос Папндреу, пак, со драматични зборови предупреди дека е можно наскоро да дојде до платежна неможност на неговата земја. „Се наоѓаме во вонредна ситауција и во Грција и надвор“, изјави тој на конгрес на синдикатите. Се работи за војна против шпекулантите, потенцираше Папандреу. Грчката влада е соочена со масивен отпор кон нејзините мерки за штедење, кои директно ги погодуваат вработените. Грција сака државниот дефицит оваа година од 12,7 да го намали на 8,7 проценти.

Автор: ЖА/ТТ/дпа/апе/ројтерс

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема