„Капитано“ нуди спогодба
17 јули 2013Одбраната на обвинетиот капетан на бродот „Коста Конкордија“ понуди спогодување. Адвокатот на Франческо Скетино изјави дека неговиот клиент би признал дел од вината доколку казната биде ограничена на максимум три години и пет месеци затвор.
Бродот „Коста Конкордија“ доживеа хаварија на 13 јануари 2012 година, удирајќи во карпите пред брегот на островот Џилио при рискантен маневар. Скетино го напуштил бродот и не се вратил назад и покрај неколкуте барања на пристанишните власти да го стори тоа, додека најголемиот дел од патниците се обидувале да се спасат.
Бродот до денес е во водите пред брегот на островот. Тој треба да биде тргнат од местотo на несреќата во септември. Во несреќата животот го загубија 32 лица, меѓу кои и двајца Германци. На мамутскиот судски процес против Скетино како сведоци се поканети повеќе од 400 лица, а има 250 котужители. Пресудата се очекува за неколку месеци.