1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кан под силен политички белег

15 мај 2010

Филмови за конфликти и војни од современата историја даваат белег на натпреварувачката програма на 63-от Кански фестивал. За „Златната палма“ се натпреваруваат 19 филмови, многу од нив со политичка содржина.

https://p.dw.com/p/NNhv
„Златната палма“ е најпрестижно фестивалско признание.

Главните актери на филмот „Робин Худ“, Расел Кроу и Кејт Бланшет ја имаа честа да го означат почетокот на 63-то издание на Канскиот филмски фестивал (12 до 23 мај). Новата верзија за познатиот јунак од Шервудската шума, изработена од американскиот режисер Ридли Скот е далеку од клишеата штои ги знаеме за Робин Худ со шешир и пердув на на главата. Робин, се’ уште не е Робин Худ, туку Робин Лонгстрајд во служба на англискиот крал и неговото барање на правдата. Спектакуларен филм, со извесна политичка доза во заднина, кој направи вовед во официјалната натпреварувачка селекција на фестивалот. Филмови кои зборуваат за конфликти и борби кои ја одбележуваат современата историја од Блискиот Исток до Северна Африка и Европа.

Cannes Jury leerer Stuhl
Празното столче на членот на жирито Џафар ПанаиФотографија: AP

Политички пораки од фестивалот

Самиот фестивал започна со силна политичка порака, празната фотелја во жирито претседавано од америкаснкиот режисер Тим Бартон.

Станува збор за фотелјата резервирана за иранскиот режисер Џафар Панаи. Панаи беше поканет од фестивалот да му се приклучи на жирито и покрај тоа што се наоѓа в затвор од пред неколку недели, поради подготовката на еден филм кој режимот од Техеран го смета дека е критички расположен кон него. Другите членови на жирито не го забороваат Панаи, како писателот и режисерот Емануел Карер.

„Во вакви моменти, тоа го привлекува вниманието на сите. Еден голем режисер кој е затворен на ваков начин, без никави причини, поради неговото слободно размислување и подршката која и ја даде на опозицијата. Ние цело време со мислите ќе бидиме со него.“

Официјален Париз веќе побара ослободување на Панаи.

Деветнаесет кандидати за Златната палма

Во официјалната конкуренција за „Златната палма“ од 1665 видени филмови, се одбрани само деветнаесет. Меѓу нив само еден американски филм, шпионскиот трилер „Фер плеј“ на Даг Лиман, но тоа не значи дека ги нема во другите програми. Тука се Оливер Стоун и Вуди Ален надвор од конкуренција.

Frankreich Filmfestival in Cannes 2010 Gebäude Flash-Galerie
Фотографија: picture alliance/dpa

Најмногу филмови - три се од Франција, и тоа новите остварувања на Бертран Таверние, Ксавиер Бувоа и актерот Матјо Амалрик, кој доаѓа со своето режисерско деби „Турнеја“, како и уште две копродукции на Франција со Алжир и со Чад во делата на Рашид Бушареб „Надвор од законот“ и Махамат-Салех Харун насловен „Човек кој вреска“.

Азија е застапена со пет филмови, два доаѓаат од Јужна Кореја, драмата „Поезија“ на Ли Чанг Донг и римејкот на познатиот класик „Куќна помошничка“ од страна Им Санг-Со. А тука се и Ванг Ксиаошуаи и тајландскиот Апичатпонг Верасетакул и јапонскиот автор Такеши Китано, со криминалниот трилер „Навреда“. Латинска Америка има еден претставник прекум мексиканскиот автор Алехандро Гонзалес Инариту со уште еден интересен колаж на судбини насловен „Biutiful“.

Од Русија повторно доаѓа Никита Михалков со „Лажливо сонце 2“, чиј прв дел доби Гран-при во Кан, додека од Украина Сергеј Лозница со „Моја радост“.
Од Балканот нема ниту еден филм во официјална конкуренција, освен во селекцијата„Извесен поглед“ каде ќе се прикажат делата на Раду Мунтеан, Кристи Пуиу, а надвор од конкуренција и „Автобиографијата на Чаушеску“ од Андреј Ујка.

Полемиката секогаш присутна во Кан


Германски филмови годинава нема во конкуренција за Златната палма во Кан. Но германските продуценти се вклучени во филмови од Украина и од Тајланд. Во другите фестивалски програми има германски режисери како Кристоф Хоххојслер со филмот „ Под тебе градот“ или Оливер Шмиц кој во неговиот филм „Животот над се’ говори за сирачињата болни од СИДА во Јужноафриканската република“

Flash-Galerie Internationale Filmfestspiele von Cannes 2010 Robin Hood Premiere
Членовите на жирито актерката Кејт Бекинсејл и режисерот Шакар КапурФотографија: AP

„Кан е еден од најдобрите фестивали во светот и да се биде тука е извонредно чувство. Јас нормално сум возбуден. Канската публика е многу пребирлива, навистина критична , и јас со нетрпение ја очекувам првата проекција“

Канскиот фестивал не би бил тоа што е, ако покрај гламурот нема и полемика. За тоа се погрижи филмот „Надвор од законот“ кој се навраќа на масакрот во Сетиф во Алжир, обвинет за ревизија на историјата, или филмот на Никита Михалков кој ја подели критиката бидејќи во него се претставува Сталин на поволен начин. Или полемиката околу италијанскиотдокументарен филм „Италија се треси“ посветен на земјотресот од 2009, бојкотиран од италијанскиот министер за култура бидејќи овој филм ја навредувал вистината и целиот италијански народ.

Што се однесува до претставувањето на кинематографските остварувања на Југоисточна Европа, на еден ист штанд ќе се најдат Словенија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Бугарија и Кипар. Ова се активности надвор од главната канска програма, но сепак, да се биде во кан е значајно, ако се има во предвид дека тука е присутна филмската индустрија од цел свет со над 33.000 нејзини претставници.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Симе Недевски