1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како слават Божик странските дипломати во Македонија

24 декември 2009

Странските државјани велат дека освен нивната прилагодливост, големата госттопримливост на македонскиот човек, срдечноста и топлината со која се дочекани им овозможила да се одомаќинат во новата средина.

https://p.dw.com/p/LCtr
Дали недостасува атмосферата од родниот град?Фотографија: AP

Божик е семеен празник на кој се ужива во зимата, во храната и во пијалоците, се подаруваат подароци и се посакуваат убави желби. Важно е за Божик да се биде дома, велат почитувачите на овој најголем христијански празник. Но како да се биде дома ако професијата ве однела во некоја друга земја како странски дипломат? Тогаш е неопходно да се поседува способност за адаптација и да се креира чуство на дом онаму каде што ви е работата. Тоа им успева на голем број странци во Македонија. Велат дека освен нивната прилагодливост, големата гостопримливост на македонскиот човек, срдечноста и топлината со која се дочекани им овозможила да се одомаќинат во новата средина.

Во Скопје како дома

Франк Штусел од германската амбасада во Скопје со своето тричлено семејство е во Македонија од летото. Му се радува на првиот Божиќ што ќе го дочека овде.

“Ако погледнете надвор ќе видите дека има убава атмосфера, божикна декорација, има снег што е многу важно за Божик. Празникот ќе го славиме во Македонија со германски обичаи“.

Во Македонија во празничните денови останува и една дама меѓу странските дипломати. Холандската амбасадорка Симоне Филипини се чувствува убаво и релаксирано во новогодишно украсеното Скопје а нејзината 12 годишна ќерка се чуствува буквално како дома.

“Мојот дом сега е овде во Македонија. Интересно, мојата ќерка, која денеска лета наваму со мојот сопруг по три недели минати во Холандија, ми рече-мамо едвај чекам да се вратам дома, мислејќи на Македонија. Тоа е многу позитивно. Така што не ми е жал што не сум во мојата родна земја за празникот“.


Кај да си, дома да си...

На евроамбасадорот Ерван Фуере му се допаѓа жолтата ракија, уште повеќе македонската кујна, а најмногу природните убавини на земјата во која ја минува четвртата година од неговиот мандат. Но и покрај тоа што е одомаќинет, за празниците заминува дома во својата родна Ирска.

Ervan Fuere
Ерван ФуереФотографија: DW

“Ќе бидам со моето семејство. Татко ми идната година ќе наполни 100 години а мајка ми 93. Среќен сум што имам родители на оваа возраст, така што ќе бидеме заедно. Но, се враќам овде за Нова Година и за овдешниот Божиќ, што го славам со пријателите во Македонија со ракија, со традиционалните специјалитети, уживам во сармата и секако во музиката. Тоа е начинот на кој го славам празникот, секако размислувајќи за важноста на претстојната година и собирајќи сила за соочување со предизвиците“.

Каде да се најде мисирка?

Deutschland Weihnachten Gänsebraten
Без Божиќна мисирка или гуска не е празник...Фотографија: AP

Миса, вечера, подароци под Божикното дрво, божикни песни. Обичаите можат да се практикуваат без оглед каде се слави празникот. За типична Божикна атмосфера во Македонија на странците им недостига можеби само едно нешто. Навидум мал детаљ но всушност значаен сегмент од Божикната традиција.

Свежа мисирка е тешко, речиси невозможно да се најде во македонските месарници и продавници.

“Штотуку го спомнавте најголемиот проблем. Поканет сум од еден колега кој барал мисирка со денови, со недели и на крај успеал да најде. Се надевам дека нема да ме носи по мисирки во Зоолошката градина“, се шегува германскиот дипломат Штусел.

Мудриот човек рекол домот е онаму каде што ти е срцето. Но, божикната магија не остава место за рамнодушност. Ги урива бариерите, ги обединува вредностите. Божик се чувствува насекаде.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска