1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како се гледа на Германија во Израел?

Себастијан Енгелбрехт / Александар Методијев29 мај 2012

Два месеца по преземањето на функцијата германскиот претседател Јоахим Гаук го започнува своето најзначајно патување во странство до сега. Во Израел тој сака да ја нагласи блиската поврзаност со еврејската држава.

https://p.dw.com/p/153gu
Фотографија: picture-alliance/dpa

Дебатата за песната „Што мора да биде кажано“ од Гинтер Грас донесе немир во германско-израелските односи. До тогаш на виделина беше дека јавното мислење во Германија за Израел е поинакво од она што беше објавено. При посетата на германскиот претседател Гаук на Израел ќе бидат одржани ритуалите на комеморација и пријателство. Но, изнесените антиизраелски ставови на нобеловецот Гинтер Грас ја изнесоа на виделина широко распространетата аверзија кон Израел меѓу Германците. Ова не беше изненадување за Шимон Штајн, поранешниот израелски амбасадор во Германија.

„До ден денес не разбирам – зошто германската елита се вознемири толку многу? Зошто Грас ги погоди во нерв?“, прашува дипломатот Штајн.

Претерани реакции

Тој додава дека Грас не е антисемитист, туку дека во својата песна „сервирал антисемитски клишеа“, а за тоа добил аплауз од вообичаено тивката заедница на критичари на Израел. Историчарот Моше Цукерман од Универзитетот во Тел Авив не смета дека по дебатата за Грас агендата на Гаук ќе се разликува од ритуално-симболички аспект.

Literaturnobelpreisträger Günter Grass zu seinem umstrittenen Israel-Gedicht in seinem Atelier in Behlendorf
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Толку многу песната на Грас нема да промени нешто во официјалните државни цели. Исто така Гаук не би можел ништо да изнесе, сега така да се каже, од она што го видовме, бидејќи има дискрепанци и сега ќе изнесам нешто ново – тоа би можело да доведе до катастрофа“, смета универзитетскиот професор Моше Цукерман.

Тој смета дека реакциите за песната на Грас во Германија, како и во Израел, се претерани и хистерични. Тоа ја вклучува и одлуката на израелскиот министер за внатрешни работи Ели Јишаи да му се забрани влез на Грас во Израел.

Меѓу рамнодушно и негативно

Во германско-израелските односи сега нема нито друго туку дисонантни тонови. Тоа го покажува и анкетата направена минатата недела од магазинот „Штерн“. Според неа, 59 проценти од Германците го сметаат Израел за „агресивен“, а само 36 проценти ја оценуваат земјата како „симпатична“. Поранешниот амбасадор Шимон Штајн смета дека резултатот од анкетата е вистинит.

„Ова не е инцидентен случај. Тоа се вклопува на одреден патетичен начин во она што денес може да се опише како проценка, кога станува збор за прашањето: Како се согледува Израел во германската јавност? Јас би рекол - помеѓу рамнодушно и негативно“, вели Штајн.

Германско-израелските односи се, барем на ниво на јавно мислење, дојдени во потешкотии. Германците се’ повеќе гледаат на Израел како негативна земја, додека Израелците се’ повеќе позитивно ја оценуваат Германија.