1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како Македонија да стигне до Европа

Александар Чомовски15 јануари 2007

Германскиот амбасадор во Македонија Ралф Андреас Брет денеска во собраниската комисија за европски прашања ги претстави главните насоки на германското претседателство со Унијата

https://p.dw.com/p/AdZx
Фотографија: AP

Деблокада на европскиот устав,заеднички економски и социјален модел и европски простор на безбедност,се трите приоритети на германското претседателство со ЕУ,германскиот амбасадор во Македонија Андреас Брет зад овој дипломатски речник во Скопје даде одговор нема нови приеми,нема нови преговори за идно членство,нема датум за Македонија додека со Унијата претседава Германија и потоа се додека не се разрешат перспективите на европскиот устав.Македонските политичари внимателно го ислушаа германскиот дипломат,но го прашаа колку има вистина во можноста германскиот канцелар Ангела Меркл да биде лобист за Македонија.

-Германија не е посебен лобист за Македонија,одговори Андерас Брет во Скопје,процесот на проширување продолжува,ќе се почитува Солунската агенда,но секоја земја апирант ќе се оценува поединечно,одговори германскиот дипломат во Скопје.

-Германската програма со претседавањето на Унијата е дел од европското трио со Словенија и Португалија,и тука сме усогласени околу идните приоритети и датуми за преговори,вклучувајќи го и оној со Македонија.Потребно е да продолжат рафинираните реформи во Македонија без да се фокусирате само на датуморт за започнување на преговорите меѓу Македонија и ЕУ,посочи Брет.

Германската програма исто така вклучува и непосредна помош во реформирањето на македонската економија и македонскиот политички процес,рече германскиот амбасадор.Постојаниот претставник на ЕУ во Македонија амбасадорот Ерван Фуере подвлече дека клучни за Македонија се забрзување на реформите,изградбна на политички консензус и дијалог меѓу власта и опозицијата :

-Надминувањето на евроскептицизмот во дел од европските држави може да се случи само доколку Македонија и сите аспиранти за влез во Унијата ги исполнат задачќите во реформнирањето на политички и економски реалции,а особено борбата против организираниот криминал,посочи Фуере пред пратениците во Комисијата за европски прашања.