Како до стабилен и мирен Ирак?
29 мај 2007�.
Реалноста беше надвор – на улиците на Багдад. Таму одново 24 лица беа жртви на автомобил бомба. Како да се спречи тоа, беше темата на разговорите во строго чуваната зелена зона на главниот град на Ирак. Од првата средба на високите дипломатски претставници на САД и Иран по 27 години, не можеше премногу да се очекува, но дека постојат заеднички ставови, потврдува фактот што воопшто се сретнаа.
По средбата, американскиот амбасадор Рајан Крокер изјави дека побарал од Иран да не им испорачува никакво оружје на шиитските милиции во Ирак. Разговорите минаа во работна атмосфера:
„На Иранците им ги соопштив нашите сосем специфични барања кога станува збор за нивниот однос кон Ирак: нивната поддршка за милициите кои се борат против ирачките безбедносни сили и меѓународните трупи, како и фактот дека големо количество од оружјето што го користат тие, доаѓа од Иран и дека таквите активности мораат да престанат„.
САД имено, му префрлуваат на Иран дека ги поддржува и ги вооружува шиитските милиции во Ирак, додека Иран тоа категорично го негира, а за насилството одговорноста ја префрла врз американскот присуство. Амбасадорот на Техеран затоа побара, американските трупи да го напуштат Ирак.
Касеми Коми, по средбата изјави дека е постигната согласност за поддршка на ирачката вада. Неговата влада понудила да помогне во обуката на ирачката армија. Според Крокер, Иран исто така предложил заеднички механизам меѓу трите земји што ќе ја координира безбедноста во Ирак. Оваа понуда ќе замине за Вашингтон, изјави Крокер. Термин за нова средба не е договорен.