Како до нов пасош за иселениците?
24 февруари 2010Реклама
Конзуларното претставништво на Република Македонија во Бон им советува на сите граѓани, заинтересирани за добивање нова, биометричка патна исправа, да поднесат барање најдоцна до 1 март.
Писмено или телефонски треба да ги достават следните податоци: име и презиме, ЕМБГ, последно место на живеење во Република Македонија, мобилен или редовен телефон за контакт како и точна адреса на живеење во Германија.
Во периодот меѓу 15 март и 16 април во претставништвото во Бон ќе престојува и мобилна станица, што ќе прима барања и биометриски податоци од државјани на РМ, за кои не постојат законски пречки за поднесување на барањето. Подетални информации македонските граѓани можат да добијат во конзуларното преставништво.