1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да се надмине енергетската криза на Балканот?

Горан Петрески17 ноември 2006

Балканот бара излез од енергетската криза што му се заканува поради затварањето на Козлодуј. Во Скопје денеска ќе се одржи регионална конференција на која ќе учествуваат владини претсатвници од земјите на Југоисточна Европа и претставници од Европската комисја. И Македонија е погодена од недостиг на струја.

https://p.dw.com/p/AeKD
Фотографија: AP

Како да се надмине енергетската криза во која западна Балканот поради најавеното затварање на нуклеарната централа Козлдуј во Бугарија? Одговор на ова прашање денеска во Скопје ќе побараат ресорните министри од повеќе земји од Југоисточна Европа и претставниците за енергетика од Европската комисија. Хроничниот недостиг на енергија во регинот, доведе до криза што дополнително ја продлабочува обврската за затварање на бугарската нуклеарна централа.

Како во оваа ситуација се снаоѓа Македонија?

Со секојдневни најави за рестрикции на струја, со страв меѓу граѓаните како ќе се истера зимата и меѓусебни обвинувања меѓу политичарите, можела ли Македонија да ја претсеретне кризата.

Поранешниот министер за финасии Никола Поповски ја искритикува владата дека навреме не го предвидела недостигот од струја, па сега ќе троши пари од буџетот за да спасува ситуација „Пратениците од власта, пак ги обвинија претходниците дека ги упропастиле енергетските компании што произлегоа од Електростопанство, државните ЕЛЕМ и МЕПСО.“

Илија Китановски од ВМРО ДПМНЕ кажа „Недостигот на струја Макеоднија ќе мора да го надомести со увоз. Населението можеби и ќе се спаси од рестрикцикции, но струјата во фабриките веќе почна да секнува. “

Директорот на Македонскиот електропреносен систем МЕПСО, Атанаско Туневски им порачува на граѓаните да штедат струја, а на компаниите редовоно да си ги плаќаат сметките „За да ги снабди потрошувачите, владата ја активираше термоцентралата Неготино. И покрај тоа на Силмак, Фени, Скопски легури и другите големи фабрики им се заканува сериозен недостиг на струја. Тоа пак ја загрозува владината економска програма и економскиот раст предвиден во неа. Ако индустријата забележи пад поради недостигот на енергија , тешко дека в година ќе се оствари планираниот пораст на бруто домашниот производ од шест проценти.“