070409 Fußball-Champions-League
8 април 2009Тимот на тренерот Јирген Клинсман со грижи отпатува за Шпанија. Одбранбениот играч Лусио нема да настапи поради повреда. И напаѓачот Клозе, инаку најдобриот стрелец на Баерн сезонава, истотака нема да биде во тимот. Баерн против Барселона важи за јасен аутсајдер. Капитенот Марк ван Бомел го голем респект гледа на тимот кој суверено води на табелата во Примера дивизијата.
„ Тие имаат најдобар тим во светот. Играат фудбал со брзи додавања. Во предниот ред имаат тројца играчи кои мора постојано да се чуваат. Ниту еден не смее да се остави слободен. Во одбраната се речиси исто толку силни. Значи, подобро не може да биде“, посочува Бомел на предностите на противникот, кој во нападот се потпира на супер-ѕвездите Лионел Меси, Тери Анри и Самуел Ето и денеска ќе настапи во најдобар состав.
Актуелниот европски шампион со тешка задача во реваншот
И покрај слабите настапи на Баерн во Бундеслигата, Барса сепак внимателно ќе влезе во мечот со тимот кој во осмина-финалето му даде вкупно 12 голови ан Спортинг од Лисабон. Тренерот на Бааерн Клинсман е убеден дека Баерн ќе игра сосема поинаку, како на секој натпревар од Лигата на шампионите во кој игра сосема поинаку, отколку во некои Бундеслига-натпревари, кои ги одиграл невнимателно и безгрижно.
Денеска во четврт-финалето на Лигата на шампионите на програмата е и англискиот дуел меѓу Ливерпул и Челзи.
Во вчерашните два четврт-финални натпревари бранителот на титулата Манчестер Јунајтед дома на Олд трафорд одигра само 2:2 против Порто, а нерешено 1:1 заврши и дуелот меѓу Виљареал и Арсенал.
Автор: Кале Копс/ Симе Недевски
Редактор: Жана Ацеска