290709 FB Fanartikel
9 август 2009Годинава се очекува уште некој милион повеќе, оти секој вистински навивач има потреба од два дреса - еден за настапите на неговиот тим на домашен терен, друг за игрите на гости. А, еден дрес, вообичаено чини околу 80 евра! „Дресот покажува: навивач сум, штом го носам. Згора на тоа доаѓаат и шалови, капи - тоа се типични, најпрво барани нешта“, вели Шнек, портпарол на Борусија Дортмунд.
Но, барани се и шпилхозни за бебиња, или колекцијата од блузи и здолништа за дами, каква што нуди Борусија Дортмунд. „...оти расте интересирањето за фудбалот кај жените. Нивниот брoј на трибините од стадионите е се’ поголем“, вели Шнек.
Фудбалот во меѓувреме станува семеен настан. Следејќи го тој тренд, Борусија нуди и апарати за домаќинството со клупски симболи и бои. На пример, за 30 евра може да се купи тостер, кој на печеното лепче го отсликува логото на клубот. Понудата опфаќа дури и фрижидер во клупските бои.
Фантазијата во креацијата на сувенири за навивачите е речиси безгранична - само Борусија Дортмунд нуди 450 различни видови артикли, од чија продажба лани оствари приход од преку пет милиони евра. Повеќе постигнаа само Бајерн и Шалке.
Автор: Клаус Дојзе / Зоран Јордановски
Редактор: Александра Трајковска